Обично во четврток, младите кои се без работа се собираат, прашувајки се што да направат во врска со нивната состојба на невработеност. Тимот на JUMP, составен од Пиетро Куратола и Ерика Герардини, заедно со фотографот Оресте Монтебело, беа во малото село Гирифалко во областа Катанцаро, да видат како младите го поминуваат своето време и да разберат што се случува во нивните животи. Целта беше да се направи фото и видео репортажа, а воедно во рамките на Со-ВЕТ проектот, да се спроведе анкета, како дел од проектот поддржан од Еразмус+ програмата: да се направи извештај со анализа на потребите и состојбите и нивниот однос кон темата „социјално претприемништво“. Не е само кризата која ја зафати Европа и јужна Италија, не е само ниското ниво на обученост на лицата, исклученост од реалноста, туку и големото чувство на дезориентираност и слабата надеж во институциитена сите нивоа е нешто што е карактеристично за младите. Во прилог неколку слики (наскоро и видео).
