Со-ВЕТ на чело на промовирањето на социјалното претприемништво во Европа

Нашиот пријател и партнер Ксавиер од БТФ од Велика Британија, беше во Брисел на 28.03.2017 година, на дискусија за улогата на Европската Комисија и социјалните претприемачи во развојот на социјалната економија. Настанот имаше назив “Собир за раст“. Таму се најде сосема случајно, поканет на еден семинар за сајбер-сигурност. Талкајки по ходниците на Европскиот парламент, Ксавиер се најде на вистинското место кое навистина го интересира. Настанот имаше две цели.

Првата цел беше настанот да послужи како промоција на социјалните претпријатија кои ги интегрираат мигрантите и бегалците. Одличен осврт имаше белгијското социјално претпријатие ‘Capital Digital’ кое ги обучува маргинализирани лица во компјутерско програмирање, како и ‘Association Aurore’ фондација од Франција, која има центри за собир на бегалци. Овие две организации, иако со два различни пристапи, ја потенцираа улогата на социјалните претпријатија во социјалната интеграција и воедно евентуалното збогатување на нашето општество.

Подоцна, на втората панел дискусија, се досоа заклучоци за тоа како ЕУ може да ја развие поддршката во социјалната економија. Заклучоците беа донесени од надворешни експерти за социјална економија избрани од страна на Европската комисија. Нивниот извештај потенцираше четири области на можна поддршка што ЕУ мора да ги даде: Подигање на видливоста и разбирањето за социјалните претпријатија; помош на социјалните претпријатија во пристапот кон финансии; подобрување на законодавната рамка; побрз економски раст.Тимот на проектот Со-ВЕТ се надева дека ваквата поддршка ќе биде дадена со практични активности прку кои, цсоцијалните претпријатија или секоја индивидуа, би имала пристап до нив. Ова е секако и наша обврска. Во рамките на Со-ВЕТ проектот мораме да бидеме активни во подобрувањето на околината за социјалната економија. Ние ова го правиме на неколку начини, ставајки се себеси како лидери во овие активности.

Првиот чекор е едукацијата за социјалното претприемништво на младите и додадената вредност што тоа ја носи на општеството. Со подобрување на претприемничките вештини кај младите, ние ги градиме нивните менаџерски капацитети за креирање на оддржливо социјално претпријатие. Нашиот пристап веќе дава одередени резултати. Ние сме европска коалиција на организации инволвирани на терен, што ги делат своите искуства и добри практитки и учат помеѓу себе.

Овој практичен пример ќе помогне Европа да се движи кон повеќе инклузивна и социјална економија.