Проектни резултати:
Главната цел на овој производ e утврдување на постоечката состојба на социјалното претприемништво во насока на:
1. утврдување на посебните потреби на целната група, млади невработени лица, (NEETs),
2. анализа на постоечката празнина во знаењата и вештините во полето на социјалното претприемништво (вештини коишто се потребни за успешно менаџирање на социјално претпријатие, како и вештини кои се достапни и веќе постоечки кај социјалните претприемачи). Од анализата на потребите се очекува да ја посочи потребата од обуки во одредени аспекти, како и креирањето на наменски курикулум за развој на знаењата и вештините релевантни за претприемништвото и социјалната економија.
Развојот на курикулумот за програмата „Млади социјални претприемачи“, базиран врз принципите на ЕКВЕТ, преку оваа веб страница има за цел да:
1. ја охрабри претприемачката мотивација, вештини и начин на размислување.
2. ја подигне свеста кај изучувачите за разните аспекти за основање и водење на успешен бизнис и социјално претпријатие – правни, финансиски, менаџерски, лидерски, маркетинг итн.
3. обезбеди сеопфатна околина за електронско изучување, комбинирајќи теорија, пракса, обуки на далечина од искусни тренери и ментори, активно вмрежување на претприемачи и можност за привлекување на потенцијални инвеститори.
4. инспиративното искуствено изучување е базирано на задачи, мисии и предизвици, овозможени од игривите аспекти на платформата преку кои корисниците ќе можат да развијат основни знаења, вештини и начин на размислување, за да станат социјални претприемачи.
Насоките ги испитуваат сите клучни фактори за успешна имплементација на курикулумот, неговите материјали и алатки. Понатаму, преку овој производ, водичот ја опишува прогамата за обука, нејзините содржини и образовна методологија. Главната цел на овие насоки е охрабрување на давателите на стручно образование, да го имплементираат предложениот курикулум како решение за намалување на невработеноста кај младите луѓе.
Преку овој производ, младите невработени луѓе можат да учествуваат во пилот онлајн курсеви и да добијат обука на далечина, со цел да се овозможи активно учество на индивидуи од различни региони коишто не можат секогаш да бидат физички присутни на работилници/семинари/настани.
Меморандумот за разбирање е оперативен документ помеѓу проектот и претпријатијата, професионални асоцијации, креатори на политики, центри за образование на возрасни/стручно образование, насочен кон осигурување на одржливоста на проектот преку промовирање и поттикнување на вметнувањето на курикулумот за социјални претприемачи, како и соработка во полето на валидација, трансфер на исходите од изучувањето, и постигнатите кредити од страна на изучувачите. Меморандумот за разбирање ја опишува согласноста помеѓу сите горенаведени групи и дава прелгед на планот на активности во насока на промоција и институционализација на Европскиот курикулум за социјално претпримемништво за млади невработени.
Во овој производ, сите презентирани модули методологии и алатки се собрани и врамени во дидактички водич. Овој прирачник е во форма на електронска книга која вклучува текст документи и видео туторијали.