Резултати од истражувањето од областа на социјалната економија и претприемништво во Грција

Институтот за развој на претприемништво (IED) во рамките на ERASMUS+ проектот “Социјално претприемништво како алтернатива за млади невработени лица“ имплементираше обемно истражување од областа на социјалната економија и претприемништво во Грција. Главната цел од ова истражување е да се евидентираат потребите од обука на целната група ( невработени лица кои немаат пристап до образование и обука). Резултатите од ова истражување, заедно со резултатите од другите партнерски земји ( Македонија, Турција, Велика Британија, Италија и Шведска) ќе бидат основа за развој на иновативна и специјализирана програма за обука од областа на социјалната економија и претприемништво. Истовремено се врши и детално истражување на моменталната состојбата во социјалната економија и претприемништво во Грција, дефинирање на законската рамка на овој сектор како и дефинирање на сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат претпријатијата од овој сектор.

Финалниот извештај од Грција ќе најдете овде.