Реализирање на Извештајот за анализа на потребите во Турција во рамките на проектот Со-ВЕТ

Преку проектот Со-ВЕТ се реализираше првата активност во Турција: Извештај за анализа на потребите. Исклучително е тешко за млади лица кои се надвор од формалното образование да најдат работа. Проектот Со-ВЕТ директно ги таргетира потребите на лицата кои се надвор од вработување, образование и обука преку развојот на социјалното претприемништво како алтернатива за младите невработени лица. Тимовите на МАКРО и ИСЕМ кои се турски партнери во проектот, го завршија истражувањето за да ги утврдат потребите на младите невработени лица.
Истражувањето се однесуваше на моменталната состојба на социјалната економија и претприемништво во Турција, законската рамка, како и проблемите и предизвиците со кои се соочува овој сектор.
Вториот дел од истражувањето се состоеше од прашалници и интервјуа со целната група. Овие детални активности беа изведени на 10 директно интервјуирани лица и 52 одговорени прашалници од целната група.
Интервјуто се состоеше од 10 прашања, покрај прашањата за демографските карактеристики на целната група.
Интервјуата беа изведени лице в лице.
Според добиените резултати, стапката на невработеност на младите во Турција се зголемува иако е помала од онаа во ЕУ земјите. Активните политики за вработување кои се на снага се недоволни за да се намали невработеноста. Владата нема сеопфатна политика и мерки за борба против невработеноста. Со подобрување на социјалното претприемништво, посебно за дипломираните студенти, може да се смета дека до 30% од невработените лица можат да најдат работа преку моделот на социјално претприемништво.

Овде може да го видите извештајот од анализа на потребите од Турција!

Овој извештај е интегриран дел од резултатите на извештајот на другите партнерски земји кој ќе се публикува во месец март 2017. Сите новини за проектот се достапни преку хаштаг #SoVET на Facebook и LinkedIn.