Развивање на младите претприемачи на Универзитетот во Кардиф

НА 05.04.2017 година, нашиот партнер БТФ (Bridging to the Future) водеше работилница на Универзитетот во Кардиф, чија цел беше да се развијат младите претприемачи и да се идентификуваат социјалните проблеми кои нивните претпријатија би можеле да ги решат.

Во текот на настанот, учесниците дискутираа за важноста на претприемачките вештини, како што се:

  • Градење односи
  • Идентификување можности
  • Како и за моделот FIRST (Flexibility, Initiative, Reasoning, Speech, Team work): Флексибилност, иницијативност, рационалност, говор и тимска работа

Сесијата беше интерактивна, овозможувајки им на учесниците да ги применат овие вештини во пракса. На пример, изведена беше играта со „лажица“ каде што од тимовите се побара да направат „терен“ за настан каде организаторот има потреба од 3000 лажици. Играта е намерно направена малку смешна, за да им се овозможи на учесниците да го подобрат својот јавен настап и креативност. Воедно, играта овозможува и прилагодување кон барањата на купувачот. Сето ова доведе до подобрен квалитет, искуство, однос и вештини на овие млади претприемачи.
Работилницата заврши со активност базирана на „благодарна анализа“, со која се истражи како учесниците можат да влијаат на иднината на Кардиф и да креираат подобра. Активноста имаше 4 делови:

  1. Прво, учесниците беа повикани да ги искажат своите јаки страни и да дискутираат за тоа какви резултати се постигнати за времето кое го одвоија како лидери на активноста.
  2. Второ, се фокусираа на Кардиф, неговата посебност, локација, големина, населеност и на организациите кои се стационирани таму.
  3. На групата и беше побарано да размисли 2-3 години нанапред за тоа какви се нивните замисли за иднината на Кардиф. Преку неколку изјави:
    • Би бил/а многу горд/а доколку Кардиф 2020 биде….
    • Што би рекле луѓето од цел свет за Кардиф?
    • Кои се предизвиците со кои Кардиф се соочува?
  4. На крај, им беше побарано да дизајнираат патеки за иднината, користејки ги сопствените и јаките страни на Кардиф што ги имаат денес.

Многу добри идеаи произлегоа од оваа сесија. БТФ ги собра идеите и ги запиша на хартија. Документот му беше предаден на Универзитетот, локалната самоуправа, локалните бизниси и на други организации во и околу Кардиф.