Прв транснационален состанок на партнерите на проектот одржан во Скопје, Македонија на 30/31ви јануари 2017

Првиот транснационален состанок на партнерите се одржа во Скопје, на 30/31ви јануари 2017. На состанокот присуствуваа претставници од сите партнерски земји, Македонија, Грција, Турција, Италија, Обединето Кралство и Шведска. Настанот беше во организација на Фондација-Агро-Центар за едукација, а се одржа во конференциската сала на хотелот Долче Интернационал во Скопје. На првиот ден од состанокот партнерите ја анализираа тековната ситуација од проектните активности и дискутираа за следните чекори на имплементација на проектните активности . Се разговараше за ставката менаџмент на проектот, за интелектуални трудови, за финализација на првиот труд на проектот (О1-Анализа на потребите) , како и планирање на имплементирање на вториот интелектуален труд (О2- Курикулум за млади претприемачи за развивање на нивните меки вештини). Посебен осврт дадоа на планот за обезбедување квалитет на проектот, како и планот за дисеминација и комуникација. Во текот на вториот ден партнерите дискутираа за следните активности на проектот и го потврдија одржувањето на вториот транснационален состанок во Грција на 25/26ти мај 2017.

1st Transnational Meeting (Skopja)