Подемот на социјално претприемништво

И покрај неодамнешната финансиска криза, за поздравување е економскиот напредок со кој се соочува Велика Британија. Меѓутоа со бројката од 568.000 млади невработени лица, постои реална закана дека во Велика Британија младите ќе станат првата “изгубена генерација“ во Европа. Моменталната невработеност кај младите е 12,6% (податоци од декември 2016), која сеуште не е на толку ниско ниво од 11,6% во 2001 година. Овие млади лица ја носат титулата “ NEET`s“, термин со кој се опишуваат лица кои се надвор од вработување, образование и обука.
Причината зашто невработеноста е висока е лесно да се идентификува, но тешко да се реши. Едноставно, тешко е на еден млад човек да најде вработување. Пазарот на трудот станува екстремно конкурентен. Како што расте барањето за работа, работодавачите ја имаат привилегијата да одбираат. Само оние кои ќе одговараат на нивните точни критериуми, ќе бидат вработени. Работното искуство е едно од клучните критериуми според работодавачите. Ова значи дека младите луѓе се фатени во т.н. catch-22 ситуација. За да се вработат, невработените мора да имаат работно искуство. Нашата цел е да ја подобриме практичната обука и да воспоставиме соработка помеѓу бизнисот и образованието. Да се најде решение е комплексна и спора работа, но отворен е патот за социјалното претприемништво. На пример, во прекрасните планини на Шкотска, Calman Trust наскоро ќе го промовира 16 милионскиот хотел за обука. Тој ќе нуди обуки за маргинализирани млади лица за хотел менаџмент. Ќе се финансира водењето на хотел со 120 соби користејќи го моделот ‘enterprise-first model. Иако е ова голема иницијатива, сепак уште многу треба да се работи. Според студијата што БТФ ја водеше, младите луѓе сеуште не се запознаени со концептот на социјално претпријатие и практични бизнис вештини. Како резултат на ова младите пропуштаат бројни прилики за да си го олеснат животот. Преку проектот СоВЕТ поддржан од Еразмус плус програмата, нашата цел е да го промовираме социјалното претприемништво преку имплементација на социјални и на бизнис базирани обуки во училишниот и образовен курикулум. Неодамна по одржаниот партнерски состанок во Скопје, започнавме со реализација на проектот Со-ВЕТ. Ова ќе овозможи развој на квалификувани млади луѓе.