Отворање социјално претпријатие?

Денес, се чини дека социјалното претприемништво е нов бизнис модел. Глобализацијата, демографските промени, технолошкиот напредок и финансиската криза создадоа големи предизвици во денешното општество, така да е исклучително тешко за младите, особено за оние кои се надвор од вработување, образование и обука, да најдат работа. Како резултат на тоа, може да се каже дека е важно што повеќе луѓе да предложат идеи, да дадат решенија за различните проблеми и прашања. Поточно, неопходно е луѓето да обезбедат социјални решенија. Денешните млади луѓе се заинтересирани да направат позитивно влијание врз светот, но исто така и да направат пари. Сепак, останува прашањето:

“Како можам да отворам социјално претпријатие?”

Чекорите кои треба да ги преземат младите луѓе се специфични. Прво, значајно е за социјалните претприемачи да создадат бизнис план кој ќе се прилагоди на потребите на социјалното претпријатие. Планирањето и спроведувањето на бизнис планот игра клучна улога во обезбедување на вистинските насоки, разјаснување на целите на социјалното претпријатие и дефинирање на активностите. Покрај тоа, социјалниот претприемач треба да ги разгледа прашањата како што се маркетинг стратегија, прибирање финансиски средства и останати деловни аспекти кои треба да се земат предвид.
Партнерите од Република Македонија, Грција, Турција, Италија, Шведска и Обединетото Кралство учествуваа на Вториот транснационален состанок на проектот Со-ВЕТ кој се одржа во Солун на 25/26ти мај 2017, каде што имаа можност да дискутираат и да ги развијат модулите за наставната програма за млади социјални претприемачи базирани на ECVET принципите. Специфичниот проект се однесува на развојот на социјалното претприемништво кај лицата од групата NEET ( лица кои се надвор од вработување, обука и образование), што го прави алтернатива за невработените млади. Главната цел на проектот е да обезбеди поефективни и поефикасни курсеви на оваа тема и да го зголеми учеството и активирањето на младите во социјалното претприемништво.

2nd Transnational Meeting (Thessaloniki)