Видеото беше подготвено во јануари и беше презентирано на првиот состанок на партнерите во Скопје, Македонија (31/01 – 01/02.2017). Сакавме да бидеме креативни и да ја искористиме приликата кога ги правевме интервјуата подготвени од страна на Со-ВЕТ проектот, да создадеме атмосфера на соработка, за да младите се чувствуваат вклучено во процесот кој е создаден со партнерство на меѓународни организации кои се грижат за нивната деликатна состојба на невработеност. Уживајте во видеото и следете го развојот на Со-ВЕТ проектот. Само што ја започнавме 2017 година во која нема да престанеме да работиме со нашата целна група на локално ниво.
